
Лидерот на Светскиот куп во биатлон, Квентин Фијо Маје, се стекна со второто злато на ЗОИ 2022.
Французинот (39:07,5) беше победник на денешната потера, базирана на вчерашниот спринт, притоа погодувајќи ги сите дваесет мети.
Третопласираниот на вчерашната трка, Тарјеи Бо (+28,6), денес се закити со своето прво сребро во индивидуална конкуренција.
Огромен прогрес направи Русинот Едуард Латипов (+35,3), кој дојде до првата поединечна бронза, иако вчера беше единаесетти.
На четвртото место се пласираше Италијанецот Лукас Хофер (+51,1), а победникот на спринтот, Јоханес Тингнес Бо (+2:13,7) беше петти со дури седум промашаи.




