Женската кошаркарска репрезентација на Србија избори пласман на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во септември во Сиднеј.
Србинките се пласираа на мундијалот, откако синоќа ја поразија Австралија со 78-71.
Мечот беше неизвесен, но во текот на првите три четвртини, австралискиот состав ја имаше контролата во свои раце.
Сепак, Србија ја запиша победата со подобрата игра во последниот квартал, добиен со 25-15.
Од победничките редови, најефикасни беа Ивон Андерсон со 30 и Александра Црвендакиќ со 12 поени.
На спротивната страна, Семи Виткомб уфрли 18, а Ребека Ален додаде уште 15 кошеви.
Во квалификациската група А, Србија (2-0) го држи првото место, пред Австралија (1-1), пред Јужна Кореја (1-1) и пред Бразил (0-2).