
Финска и Шведска изборија пласман во четвртфиналето на ЗОИ 2022, откако денес ремизираа со 3-3 во регуларниот дел и освоија по еден бод.
Накрај, Финска дојде до конечен триумф од 4-3 после продолжение и изби на првото место во групата Ц.
Сепак, Шведска, како најдобра второпласирана селекција ќе го избегне баражот и ќе заигра директно во фазата од најдобрите осум.
Шведска направи навидум убедлива предност во втората третина, искористувајќи три од вкупните пет дисциплински казни на своите ривали.
Стрелци за поразената селекција беа Лукас Валмарк, Лукас Бенгтсон и Антон Ландер.
Во третиот период, Финците ги натшутираа своите ривали со 14-3, а мрежата на Магнус Хелберг ја затресоа Теему Хартикаинен и Ииро Пакаринен (х2).
Во дополнителниот период, хокеарот на швајцарскиот Лангнау, Хари Песонен, погоди после две минути за конечен триумф на Финска.




