
Најодликуваниот играч во историјата на НФЛ, Том Брејди, го соопшти своето пензионирање на 44-годишна возраст.
Брејди влезе во НФЛ како 199. пик на драфтот во 1999, селектиран од страна на Њу Ингланд Патриотс.
Како водечки квотербек на ,,Патриотите”, заедно со тренерот Бил Беличик, Брејди направи династија со шест освоени прстени од Супер Боул до 2019.
Минатата сезона, Американецот се пресели во Тампа Беј Баканирс, каде што дојде до рекордната седма титула во кариерата, а во тековната сезона, ја заврши својата 22-годишна авантура во конференциското полуфинале со поразот од 27-30 од ЛА Ремс.
Во текот на кариерата, Брејди има многубројни индивидуални одличја, а од апсолутните рекорди се издвојуваат:
- Квотербек со најмногу победи (243)
- Најмногу обиди за додавање (11 317)
- Најмногу комплетирани додавања (7263)
- Најмногу тачдауни со додавање (624)
- Најмногу освоени јарди со додавање (84 520)
- Најмногу комплетирани додавања во една сезона (485 во 2021/22)
- Најдолг пас за тачдаун (99 јарди)
Во соработка со НФЛ Македонија




