
Буркина Фасо избори пласман во полуфиналето на Африканскиот куп на нации со минималната победа од 1-0 над Тунис во четвртфиналето.
Тунис важеше за благ фаворит во пресрет на дуелот, но не успеа да ја оправда очекуваната улога на теренот.
Во завршните мигови на првото полувреме, Буркина Фасо дојде до почетно водство со вториот гол на првенството на Данго Утара (45+3′).
Истиот играч доби директен црвен картон на седум минути пред крајот на мечот, но Тунис не ја искористи играчката предност.
Во полуфиналето, Буркина Фасо ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Сенегал и Екваторијална Гвинеја.




