
Во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, Камерун ја оправда фаворитската улога против дебитантот Гамбија.
Домашната селекција славеше со 2-0 над новајлиите во континенталниот собир и избори пласман во полуфиналето.
Камерун константно ја држеше иницијативата во свој посед, но гостите успешно се бранеа во првиот дел.
Сепак, во второто полувреме, двоен стрелец за победничкиот состав беше напаѓачот на Лион, Карл Токо Екамби (50′, 57′), кој ги сруши надежите на Гамбијците.
Во последната пречка пред големото финале, Камерун ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Египет и Мароко.




