
Серијата од шест победи на Питсбург Пенгуинс беше прекината синоќа од неочекуван противник.
Имено, иако важеа за фаворити, ,,Пингвините” загубија од Сиетл Кракен со 1-2 после продолжение во првиот меѓусебен дуел во ,,ПГГ Пејнтс Арена” во историјата.
Во деветтата минута од третиот период, Евгениј Малкин го искористи вишокот играч на ледената плоча и стрелаше за почетно водство од 1-0 на домаќините.
Сепак, на четири минути пред крајот, Џеред МекКен израмни на 1-1, а после 67 секунди од дополнителниот период, победата на гостите им ја донесе Адам Ларсон.
Со новите два бода, Сиетл ја задржа претпоследната позиција на Западот, додека Питсбург е четвртопласиран тим во Источната конференција.




