Актуелниот шампион на Светскиот куп во нордиска комбинација, Јарл Магнус Риибер, се врати на стартната линија за првпат во новата 2022 година.
Норвежанецот триумфално го круниса својот кам-бек, откако беше убедливо прв на првото од трите натпреварувања на ,,Зеефелд Трипл” во Зеефелд, Австрија.
Втората позиција му припадна на искусниот Германец, Винценц Гајгер (+25,4), кој беше дури седми после првата серија.
На третото место се пласираше конкурентот за титулата на Риибер и носителот на жолтата маичка – Јоханес Лампартер (+30,9).
Во продолжение, под една минута во однос на победникот доцнеа уште двајца скијачи – Теренс Вебер (+43,7) и Кристјан Илвес (+48,4).