
Со синоќешната победа од 105-87, Филаделфија 76ерс дојдоа до третиот врзан меѓусебен триумф над ЛА Лејкерс.
Лејкерс, иако губеа уште во првото полувреме, резултатски беа конкурентни до воведните минути од третиот период, пред домаќините да стекнат двоцифрено водство.
Од победничките редови, дабл-дабл постигна Тајрис Макси (14 поени и 10 асистенции), а поефикасни од него беа Тобијас Херис (23 поени) и Џоел Ембиид (26 поени).
На спротивната страна, во отсуство на ЛеБрон Џејмс, Ентони Дејвис имаше две двоцифрени статистики (31 кош и 12 скокови), а Расел Вестбрук беше втор стрелец со 20 поени.
Филаделфија (29-19) изби на четвртото место на Истокот, додека Лејкерс (24-25) се деветти во Западната конференција.




