
Вториот турнир во 2022 од ПГА Тур во голф беше воедно 57. издание на познатиот Сони Опен во Хаваи.
На него, до осмата ПГА победа стигна Јапонецот Хидеки Матсујама, кој го сруши рекордот за најодликуван голфер роден во Азија.
Матсујама беше дваесет и четврти после првата рунда, но со учинокот од (-5) и од (-9) во наредните два дена, успеа да фати приклучок кон врвот.
Накрај, новиот шампион, заедно со Расел Хенли, имаше (-23) поени и дојде до титулата во меѓусебен плејоф на осумнаесеттата дупка, кој го доби со (-2) – (1).
За Матсујама, денешниот плејоф беше вкупно петти на ПГА Тур за вкупен учинок од четири победи и од само еден пораз.
Од друга страна, Хенли се бореше за втора титула на Сони Опен (после 2013) и воедно за четврта титула во кариерата, со пауза од речиси пет години.
На конечниот поредок, третопласирани беа Кевин Киснер и Шејмус Пауер (-19), а петтата позиција ја поделија Лукас Гловер и Мајкл Томпсон (-18).




