
По серијата од три порази, Ванкувер Кенакс се вратија на победничките патеки, откако ги надиграа Вашингтон Капиталс со 2-4.
Во првиот период, Александер Овечкин им донесе водство на Капиталс и се израмни на првото место на листата на поентерите со Леон Драисаитл од Едмонтон Оилерс со 54 поени (26+28).
Втората третина беше одбележана со одличната реализација на Кенакс од 37,5% (3/8), кои поведоа со 1-3, благодарение на Елијас Петерсон (х2) и на Бо Хорват.
Во третата третина, Том Вилсон намали на 2-3 во корист на Вашингтон, но во последната минута, на празна мрежа, Џеј Ти Милер го постави конечниот резултат.
Со новиот триумф, Ванкувер го зазема тринаесеттото место на Западот, додека Капиталс се шести во Источната конференција.




