
Петтиот овосезонски слалом во Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција се одржа во Венген, Швајцарија.
Имено, падината Лауберхорн, со нагиб од 90%, претставува најдолга патека за спуст во целиот календар со должина од 4,4 километри.
На денешното издание, на првото место се искачи единствениот Норвежанец, кој се појави на стартот, односно Александер Омодт Килде (1:42,42).
За шампионот од 2019/20, ова беше петта овосезонска победа и втора во спуст, која му ја донесе првата позиција во генералниот поредок за најбрзата дисциплина.
Победникот на две од последните три трки, Марко Одермат (+0,19), беше на чекор до првата победа во спуст, но со второто место, го зголеми водството во генералниот пласман во однос на сите конкуренти со исклучок на Килде.
Актуелниот освојувач на малиот кристален глобус, Беат Фојц (+0,30), го комплетираше подиумот, закитивајќи се со бронза по третпат во сезоната.
Во продолжение, заостаток помал од една секунда имаа тројца Австријци и двајца Американци: Даниел Хеметсбергер (+0,46), Макс Франц (+0,66), Матијас Мајер (+0,78), Брајс Бенет (+0,95) и Рајан Кохран-Сигл (+0,96).




