
Во единствениот денешен натпревар од КХЛ, Адмирал Владивосток го повтори учинокот од пред два дена и дојде до четвртата победа во низа.
Имено, клубот од самиот Исток на Русија ја направи најдолгата победничка серија во својата сезона, откако го совлада Сибир Новосибирск со 3-2.
Во првата третина, Сибир двапати поведуваше, а домаќинот двапати израмнуваше пред да дојде до конечниот триумф на неполни шест минути пред крајот.
За гостите од Новосибирск, во листата на стрелците се запишаа Ник Шор и Александер Шаров.
На спротивната страна, голгетери беа Марк Верба, Дмитри Сајустов и Артјом Гарејев.
И покрај налетот, Адмирал е претпоследен на Истокот со целосно загубени шанси за плејоф, додека Сибир го зазема шестото место.
Воедно, ова беше последен меч од КХЛ пред принудната пауза, која ќе трае сè до 22 јануари, доколку ситуацијата со КОВИД-19 биде под контрола.




