
Првото засилување на Њукасл, откако на челната позиција застанаа шеиците од Паблик Инвестмент Фунд, претставува Киран Трипиер.
Трипиер е англиски репрезентативец на позицијата десен бек, кој од 2019 до почетокот на 2022 го носеше дресот на Атлетико Мадрид.
Во Њукасл, Англичанецот пристигна за засега неодредена сума, потпишувајќи договор на две и пол години.
Во својата кариера, десниот бек на Англија ги бранеше боите на Манчестер Сити, на Барнсли (позајмица), на Барнли и на Тотенхем.
,,Задоволни сме со новото засилување. Тој [Трипиер] е играч што го знам многу добро од нашето заедничко време во Барнли. Знам дека ќе донесе големо влијание на теренот, а и надвор од него. Тој има победнички менталитет и е желен за успех.” – се огласи тренерот на ,,Црно-белите” – Еди Хау.
Трипиер, иако е првото засилување на ,,Страчките” во зимскиот преоден рок, најверојатно нема да биде единствено, бидејќи Њукасл, во моментот, е финансиски моќен и ќе се обиде да го обнови својот состав за да избегне релегација.




