АК Барс Казањ не знае победа во ,,Фетисов Арена” уште од 28 октомври 2018, кога славеше со 1-5 над Адмирал Владивосток.
Денес, иако важеа за големи фаворити, ,,Зелените” ја прекинаа серијата од четири победи и загубија од Адмирал со 4-2.
Домаќините поведоа со 1-0 во десеттата минута преку Либор Шулак, но до крајот на првата третина, гостите направија пресврт преку Пар Линдхолм и преку Илја Сафонов.
Во наредните два периоди, хокеарите од Владивосток упатија дваесет и четири удари кон голот на Тимур Билјалов и успеаја да постигнат три погодоци.
Стрелци за победничкиот тим беа Павел Шен, Александер Шевченко и Дмитри Сајустов, додека Џош Кестнер промаши пенал за целосна ,,петарда”.
И покрај триумфот, Адмирал остана на претпоследната позиција во Источната конференција, додека АК Барс го зазема третото место.