
Нешвил Предаторс го запишаа третиот триумф во низа, откако синоќа ги поразија ЛА Кингс со 2-4.
Гостите од Тенеси стекнаа водство од 0-3 уште на стартот на втората третина со головите на Филип Форсберг, на Мет Душен и на Мет Лаф.
Две минути после третиот погодок, Адријан Кемпе промаши пенал за Кингс, но Дастин Браун беше прецизен во триесеттата минута за намалување на 1-3.
Во третиот дел, Чехот Мартин Фрк, на овосезонското деби, погоди за 2-3, а конечниот резултат го постави Јаков Тренин на празен гол на минута и пол пред крајот.
Кингс беа подобар тим во текот на цел натпревар, но голманот на Предаторс, Јуусе Сарос, беше одличен со 46/48 одбрани (95,83%).
Во Западната конференција, Нешвил го држи второто место, додека ЛА Кингс се наоѓаат на десеттата позиција.




