
Победничката серија на Мемфис Гризлис се зголеми на шест натпревари, откако синоќа, составот од Тенеси славеше над Кливленд Кавалирс со 106-110.
Кливленд го имаше водството во свои раце во поголемиот дел од мечот, но во финишот, гостите успеаја да дојдат до резултатска позитива.
Од поразениот состав, тројца играчи имаа дабл-дабл учинок – Дариус Гарланд (27 поени и 10 асистенции), Џерет Ален (22 поени и 12 скокови) и Кевин Лав (18 поени и 10 скокови).
На спротивната страна, Џа Морант беше најефикасен со 26 кошеви, а по него следуваше Џерен Џексон (22).
Во Источната конференција, Кливленд (21-17) падна на шестото место, додека Мемфис (25-14) е четврт на Западот.




