Британската суперѕвезда, пејачката Адел, купила еден од имотите на популарниот холивудски актер Силвестер Сталоне по намалена цена, откако не бил продаден за бараната сума.
Триесет и тригодишната Адел издвои 58 милиони долари за огромен имот во Беверли Хилс кој претходно беше продаден за 110 милиони долари. Со површина од 1.752 метри квадратни, нема многу поголеми имоти на оваа ексклузивна локација.
Нејзиниот нов албум наречен „30“, како и претстојната турнеја, ќе и донесат огромни пари, па купувањето на луксузен имот нема да биде ништо посебно кога се во прашање нејзините финансии.
Адел веќе има голема куќа во Лос Анџелес каде живее со синот Анџела.