
Њујорк Сити се закити со првата клупска титула во МЛС, откако во овосезонското финале ги совлада Портланд Тимберс после пенали.
Составот од Њујорк стекна предност во 41. минута, кога Валентин Кастељанос погоди за почетни 0-1.
Сепак, радоста на гостите барем за кратко ја одложи Фелипе Мора, кој им донесе израмнување на домаќините од Портланд во четвртата минута од судиското продолжение со најдоцниот регуларен гол во сите досегашни 26 финалиња.
Во дополнителните триесет минути игра не падна ниеден погодок, а во пенал-серијата, гостите триумфираа со вкупни 4-2.
Од шампионските редови, освен стрелците Кастељанос, Максимилијано Моралез, Таљез Мањо и Александер Каљенс, херој беше и голманот Шон Џонсон, кој одбрани два пенали.
Кај Портланд промашија Мора и Диего Валери, а почесни погодоци постигнаа Сантијаго Морено и Кристијан Паредес.



