
Синоќа, Далас Каубојс ги поразија Њу Орлеанс Сеинтс со 17-27 што претставува прв гостински меѓусебен триумф после 20 декември 2009.
На стартот, мечот беше изедначен (7-7), но Далас замина пауза со водство, кое остана во нивен посед до самиот крај.
Во четвртата четвртина, на сцена стапија добрите дефанзивни реакции што резултираа со четири пресечени топки за само четири минути игра (една во корист на Сеинтс и три во корист на Каубојс).
Освен шутерот Грег Зурлајн, поентери за Далас беа Мајкл Галуп, Тони Полард и Карлос Воткинс (пик-6), а Дак Прескот освои 238 јарди од 26/40 прецизни додавања.
Кај ослабнатите Сеинтс, Тајсом Хил покажа версатилна игра (264 јарди до додавање и 101 јард до трчање), која ја засени со четирите пресечени додавања.
Од неговиот тим, по еден тачдаун постигнаа Дионте Херис и Лил’Џордан Хамфри, а шутерот Брет Махер додаде уште пет поени.
Во Националната конференција, Далас (8-4) се искачи на четвртото место, додека Њу Орлеанс (5-7) падна на единаесеттата позиција.
Во соработка со НФЛ Македонија



