
Синоќа, Сан Хозе Шаркс ги добија Њујорк Ајлендерс со 1-2 после продолжение и на тој начин ја запишаа првата меѓусебна гостинска победа после 19 октомври 2016.
Ајлендерс поведоа после само 64 секунди игра со голот на Метју Барзал, но предноста беше анулирана осум минути подоцна преку Ник Бонино.
Во дополнителниот период, на Ерик Карлсон му беа доволни само 39 секунди за да ја затресе противничката мрежа и да им го нанесе деветтиот пораз во низа на полуфиналистите од минатата сезона.
Солидна партија пружија и двата голмани, Илја Сорокин (Ајлендерс) и Адин Хил (Шаркс), кои имаа 94,29%, односно 96% на одбранети шутеви.
Сан Хозе се наоѓа на петтото место во Западната конференција, додека Ајлендерс се претпоследни на Истокот.