
После мини-серијата од два порази, Кливленд Браунс го запишаа и првиот триумф, откако славеа со 17-14 над Денвер Бронкос.
За Браунс, оваа победа беше остварена и покрај отсуството на стартниот квотербек – Бејкер Мејфилд.
На негово место застана поранешниот член на Денвер од 2018, Кејс Кинам, кој освои 199 јарди со додавање од 21/33 обиди.
Еден од неговите пасови заврши во рацете на Џони Стентон за тачдаун, а дополнително полагање постигна дебитантот, односно најдобриот тркач – Д’Ернест Џонсон (146 јарди, 6,6 јарди по трчање).
На спротивната страна исто така беа постигнати два тачдауни, двата по додавање на Теди Бриџвотер (187 јарди од 23/33 обиди) кон Џавонте Вилијамс и кон Мелвин Гордон.
Единствената разлика во поените беше направена од два играчи на Браунс – дефанзивецот Џош Џонсон со едно пресечено додавање и шутерот Чејс МекЛафлин со два прецизни екстра-поени и со еден прецизен филд-гол.
И двете екипи, после денешниот меч, се наоѓаат на средината на табелата на АФК при што Кливленд има учинок од 4-3, а Денвер од 3-4.
Во соработка со НФЛ Македонија



