
Во третиот натпреварувачки ден од новата НБА сезона, Атланта Хокс ги декласираа Далас Маверикс со 113-87.
Гостите од Тексас го започнаа мечот со серија од 8-0, но во продолжение, на паркетот доминираа само ,,Јастребите”, кои во еден момент имаа и водство од +30.
Кај Далас, со дабл-дабл учинок од 18 поени и од 11 скокови, најдобар беше Лука Дончиќ, а по него следуваше Џејлен Брансон со 17 кошеви.
На спротивната страна, Тре Јанг уфрли 19 поени и освои 14 скокови, а Кем Редиш постигна дополнителни 20 поени.
Исто така, како двоцифрен, односно со 11 кошеви, мечот го заврши уште еден кошаркар од балканското поднебје – Богдан Богдановиќ (Атланта).
Во синоќешните дуели, Милвоки Бакс беа ,,уништени” од Мајами Хит со 137-95, додека Голден Стејт Вориорс изборија тесна победа над ЛА Клиперс (115-113).



