
За првпат после 3 јануари, односно за првпат во новата сезона, Денвер Бронкос запишаа пораз.
Шампионите од 2015/16 синоќа, во четвртото коло, загубија на домашен терен од Балтимор Рејвенс со 7-23.
За Рејвенс, ова беше прва победа во Колорадо во регуларната сезона после 2001, кога во третото коло славеа со 13-20.
Од домашниот состав, квотербековите Дру Лок и Теди Бриџвотер, комбинираа само за 178 јарди, а исто така ни играта со пробивање не беше сјајна и донесе дополнителни 106 јарди.
Единствен играч што постигна тачдаун беше Ник Фант во втората четвртина, а шутерот Брендон МекМанус успешно го погоди екстра-поенот.
Во продолжение, Рејвенс, предводени од Ламар Џексон (316 јарди од 22/37 обиди), постигнаа два тачдауни преку Латавиус Мареј и преку Маркис Браун, односно три филд-голови и два конверзии преку Џастин Такер.
Во АФК и двете екипи имаат учинок од 3-1 после четири кола и се наоѓаат при врвот на табелата заедно со Синсинати Бенгалс, со Кливленд Браунс и со Бафало Билс.
Во соработка со НФЛ Македонија



