
Во последното коло од регуларната МЛБ сезона, на Њујорк Јенкис им беше неопходна победа за да изборат пласман во плејофот.
Претставниците на ,,Големото јаболко” успешно ја одбранија зацртаната цел и славеа со минимални 1-0 против актуелните вицешампиони – Тампа Беј Рејс.
На мечот, единствен поентер беше Тајлер Вејд, кој во последниот ининг освои четири бази по ударот на Арон Џаџ.
Освен Вејд, вреди да се напомене и пожртвуваноста на Џио Уршела, кој во шестиот ининг го направи едно од најдобрите фаќања во сезоната и заврши во клупата на Тампа Беј.
Со овој триумф, Јенкис (92-70) како четврти во Американската лига закажаа дуел во првата рунда против најголемите ривали, Бостон Ред Сокс, додека Рејс (100-62) сè уште го чекаат својот противник.



