
Синоќа, по вкупно седумнаесетти и осумнаесетти пат во 2021, силите на дијамантот ги одмерија Кливленд Индијанс и Чикаго Вајт Сокс.
Во нивниот прв дуел, Вајт Сокс ја оправдаа фаворитската улога и триумфираа со 2-7.
Претставниците на Илиноис постигнаа еден поен во првиот и шест поени во вториот ининг.
Од седумте поентирања, дури четири беа хоум-рани на Тим Андерсон (х2), на Луис Роберт и на Елои Хименез, додека по четири бази освоија Лери Гарсија, Цезар Хернандез и Јоан Монкада.
Во наредните две деветтини, Остин Хеџес и Боби Бредли ја однесоа топката на трибините, додавајќи ги единствените цифри на семафорот за домашниот состав.
Непосредно по натпреварот, Вајт Сокс (86-66) ја држеа четвртата позиција во Американската лига, додека Индијанс (74-77) го заземаа деветтото место.



