Каролина Пантерс се првиот состав што ја започна новата НФЛ сезона со три последователни победи, случај кој последно им појде од рака во 2015, кога стигнаа до Супер Боул.
Во увертирата на третото коло, Пантерс им го нанесоа вториот пораз на Хјустон Тексанс, надигрувајќи ги со 9-24.
Победничкиот состав постигна по еден тачдаун во три четвртини и уште еден филд-гол во последниот квартал.
Сепак, загриженоста во Шарлот е очигледна, поради фактот дека еден од најдобрите ранинг бекови, Кристијан МекКафри, го напушти теренот во првото полувреме поради повреда.
Од гостинскиот состав, квотербекот Сем Дарнолд двапати со трчање ја внесе топката во енд-зоната, а притоа освои и 304 јарди од 23/34 обиди за додавање.
Освен него, во листата на поентерите се запишаа уште тајт-ендот Томи Трембл и шутерот Зејн Гонзалез.
На спротивната страна, ситуацијата беше релативно лоша со тоа што квотербекот Дејвис Милс освои само 168 јарди, а освен филд-голот на Џои Слај, шест поени забележа Ентони Милер.
Во соработка со НФЛ Македонија