Викендов во Охрид ќе се одржи Меѓународна едриличарска регата, во организација на Здружението за спортско едрење „Aquatica Yachting“, под покровителство на Едриличарската федерација и Општина Охрид.
Свеченото отворање е предвидено за в сабота, во 10 часот пред плажата „Горица 1“, додека свеченото затворање на регатата и прогласувањето на победниците ќе биде в недела, во 17 часот, на плажата кај „Горица 1“ а натпреварувачите ќе настапат во класите „Оптимист“ и „Ласер“.

На регатата ќе настапат J.K. „Палич“ од Суботица, J.K. „Панонија 1975“ од Бела Црква, Ц.С.Ј.Ц „Централ Софија Јахт Клуб“ од Софија, како и на едриличарските клубови „Снегар“ од Струга и „Aquatica Yachting“ од Охрид.



