Во дербито од 8.коло во плеј -офот од Суперлигата екипата на Алкалоид предводена од селекторот Кире Лазаров славеше против Тиквеш на поранешниот селектор Данило Брестовац со 29-26 (полувреме 17-13).
Најефикасни кај победникот беа Мартин Серафимов со 7 гола и Стојков со 6 погодоци. Кај гостите се истакнаа Хамзиќ т со 7 гола и Страхиња Симиќ со 5 погодоци.