
Големата скокалница во Лилехамер се покажа како талична за домашната селекција бидејќи Норвешка избори 1-2 победа.
Имено, до вториот триумф во тековната сезона на Светскиот куп во женски ски скокови дојде Силје Опсет пред својата сонародничка – Ане Одине Стром.
За Стром, ова беше трет подиум во кариерата и прв после 2019, кога беше трета во Нижњи Тагил, Русија.
Денес, на третото место се пласираше Ева Пинкелних, која ја задржа жолтата маичка во генералниот поредок.
Во продолжение, во првите десет се најдоа уште: Катарина Алтхаус, Ема Клинец, Ника Крижнар, Марита Крамер, Жулија Клер, Урша Богатај и Јуки Ито.