Српскиот Ас по маратонски меч во финалето на Австралија Опен го совлада својот соперник од Австрија, Доминик Тим со пресврт, односно со 3:2 по сетови (4:6, 6:4.6:2,3:6 и 4:6).
Финалето траеше нешто повеќе од 4 часа, а Ѓоковиќ освен што ја одбрани шампионската титула од минатата сезона во Мелбурн, успеа да стигне до бројката од осум титули на овој Гренд Слем.
Со денешниот трофеј Новак Ѓоковиќ се врати на врвот на АТП листата и сега го зазема првото место пред Рафаел Надал, сега србинот се зацврстува како најуспешен тенисер на Австралија Опен на сите времиња.