27. коло од Чемпионшип донесе многу возбудливи натпревари. Водечкиот Лидс претпре пораз од Шефилд Венздеј на својот „Еланд Роуд” со 0-2. Тимот на Марсело Биелса добро се држеше до 87. минута кога Марфи погоди за 0-1. Вториот гол го постигна Нухиу во четвртата минута од судиското продолжение. Алиоски влезе во игра во 56. минута на местото на Бери Даглас.
За нијанса подобар резултат оствари ВБА, но и ова реми се смета за кикс имајќи во предвид дека гостуваа во Лондон, кај деветнаесеттопласираниот Чарлтон. Екипата на Славен Билиќ поведе во два наврати, а играчите на Чарлтон успеваа набргу да израмнат. Головите за ВБА ги постигнаа Зохоре (22‘) и Робсон-Кану (46‘), а за Чарлтон – Дејвисон (28‘) и Локјер (76‘).
Најголемата лудница во завршницата се случи на „Мадејски Стадиум” во Рединг. Тимот на Марк Боувен не знае за пораз веќе осум натпревари во сите натпреварувања вклучувајќи го и денешниот дуел против Нотингем. Се чинеше дека Нотингем ќе си замине со трите поени откако Вотсон стрелаше во 96. минута, но само една минута подоцна, Фигуиредо си постигна автогол за израмнување и поделба на бодовите.
Останатите резултати од ова коло:
Брентфорд 3-1 КПР
Барнсли 2-1 Хадерсфилд
Блекбурн 1-1 Престон
Хал 0-1 Фулам
Лутон 1-2 Бирмингем
Мидлсброу 2-2 Дерби
Стоук 0-0 Милвол
Виган 0-2 Бристол Сити
Кардиф – Свонси (недела во 13:00)



