Шпанија ја растури Германија сo 33-26 во мечот кој требаше да биде дерби. Блескаше Душебаев со 7 гола од 7 обида, а голманот Перез Де Варгас имаше 12 одбрани. Кај Германија, Пекелер даде 5, додека Генсхајмер 4 гола.
Црна Гора ја доби “војната” со Србија со 22-21. Последниот клучен гол за Црна Гора го постигна крилото на Еурофарм, Радовиќ за голема радост во тимот на Црна Гора. Најефикасен кај црногорците беше Грбовиќ со 5 гола од 5 обиди, додека кај србите Кукиќ постигна 6 погодоци.
Данска загуби во супер меч од Исланд со 30-31. Блескаа Микел Хансен со 9 гола кај Данска и Палмарсон со 10 гола за репрезентацијата на Исланд.



