понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН ПАТУВАЊА

(ФОТО) Романтични дестинации за одмор

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
август 19, 2019
📁 ПАТУВАЊА
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Сакате да одите на романтичен одмор со вашиот сакан/на? Има многу искуства на романтични двојки од нивните патувања од доживување на различните култури до дегустација на локалната кујна. Во зависност од различните вкусови има многу да се види и направи таму  некаде во светот заедно со вашиот партнер. Ние ви нудиме неколку одлични дестинации:

 

  1. Амстердам, Холандија

Амстердам е речиси како музеј на отворено и самата сценографија  е речиси супер – романтична. Особено преку ноќ, ако едноставно прошетате по каналите со сите тие прекрасни светла. Магично е! А цветните полиња посеани со лалиња? Едноставно ве оставаат без здив. Истражете го градот преку возење велосипед заедно или посетете некој од многубројните музеи.Или едноставно посетете го Вонделпарк, најпознатиот парк во Амстердам. Прекрасен е и во зима и во топлите месеци.

 

 

  1. Португалија

Сигурно нема да ви падне на памет Португалија кога зборуваме за романтични дестинации. Но, таа е земја полна со изненадувања. Ќе бидете занесени од културата, луѓето, храната. Од шарените улици на Синтра до плажите на Исла де Мадеира, Португалија фасцинира со својата привлечност. Вечерајте во луксузен ресторан во Лисабон или наздравете со вкусното вино од долината Дуро. Истражете ја зедно убавината на селата во Португалија и не заборавајте да ги посетите шармантните градови Порто и Коинбра.

 

  1. Таормина, Италија

Сакате убав романтичен италијански одмор, а тоа да не биде Рим? Таормина е одговорот на вашите барања. Тоа е ридско крајбрежен град прeполнет со старомодна романса, многу добра храна и вино и занесна уметност. Се наоѓа на островот Сицилија. Одете на опера заедно во историскиот Греко театро или уживајте во возењето на жичарница до Изола Бела. Следно на списокот треба да ви биде посетата на трите различни винарии на падините на вулканот Етна. Ако сакате да бидете надвор од градскиот метеж и да уживате во роматичниот одмор посетете го овој град во текот на септември – октомври кога фреквенцијата на луѓе е намалена.

 

  1. Буенос Аирес, Аргентина

Ова е градот на тангото, како може да биде нешто друго освен роматничен град?  Неговите шарени улички исполнети со музика, пријателските локали и неверојатната јужно американска култура ви даваат чувство на исполнетост.Ако сакате да го искусите тангото одете до Плаза дорего. На зајдисонце, наздравете со чаша вино, добро познатото Малбек и прославете ја вашата врска.

 

  1. Исланд

Кој може да им одолее на неодоливите привлечности на Исланд? Ако ја сакате авантурата и природата тогаш посетете ја Исланд. Уживајте во топлите геотермални извори на Сината лагуна или погледнете ги неверојатните пејсажи на Ватнајокул, еден од најубавите и најголеми глечери во Исланд. Ако сакате уште тогаш посетете некој од добро познатите водопади во Исланд, како на пример Златниот водопад – најпознатата туристичка атракција.

 

Tags: дестинации
ShareTweet
Претходна вест

Фамилијата Марковски доаѓа со втора сезона!

Следна вест

Лазаров премиерно најави старт на КЛ7

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

(Видео) Островот Корчула еден од најубавите во Хрватска
ДЕСТИНАЦИИИ

(Видео) Островот Корчула еден од најубавите во Хрватска

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
13/Дек/2024
Зимска магија во Харбин! Градот изграден од мраз и снег (Фото + Видео)
ЗАБАВА

Зимска магија во Харбин! Градот изграден од мраз и снег (Фото + Видео)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Дек/2024
(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос
ДЕСТИНАЦИИИ

(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Ное/2024
(Видео) Сингапур прекрасен град-држава во Азија
ДЕСТИНАЦИИИ

(Видео) Сингапур прекрасен град-држава во Азија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Окт/2024
Следна вест

Лазаров премиерно најави старт на КЛ7

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.