Репрезентативниот капитен и долгогодишен интернационалец, Кирил Лазаров оформи свој клуб кој го нарече КЛ7 и премиерно го најави стартот на подготовки и припрема за предизвиците кои им следуваат.
Прв тренер на екипата е Андон Бошковски, а Лазаров во меѓудругото им посака среќа и успешни настапи на своите ракометари, а пред јавноста најави дека има суперлигашки апетити и соработка со голем број на клубови како од нашата земја така и од странство, а освен тоа кажа дека клубот ќе зема учества и на силни меѓународни турнири.



