Емерсон де Соуса довчерашен фудбалер на бразилски Атлетико Минеиро сега може да се пофали дека е нов фудбалер на два различни шпански клуба, едниот е Реал Бетис, а другиот клуб е Барселона.
Барселона од Минеиро го откупила договорот на десниот бек, а на ,,Ноу Камп” ќе дојде на 1. јуни 2019 година, односно по завршување на оваа тековна сезона. Сепак Соуза оваа полусезона ќе игра во Примера за тимот на Реал Бетис како позајмен фудбалер.
Каталонците за бразилскиот бек платиле обештетување од 12 милиони евра, а договорот го обврзува до 2024 година. Многумина го споредуват со Дани Алвеш, а сеуште настапува за младата бразилска репрезентација до У-21. Занимливо во целиот овој трансфер е тоа што двата клуба во исто време го прогласија за свој нов фудбалер на своите друштвени мрежи.
Фото: Барселона и Бетис го прогласија за свој нов фудбалер



