Србинот Немања Илиќ ќе биде нов играч на ракометниот клуб Барселона. Каталонците експресно реагираа по повредата на левото крило Мортенсен и од Тулуз го ангажираа српскиот репрезентативец Немања Илиќ. Покрај него Барселона го ангажира и бразилскиот репрезентативец Ханиел Лангаро. Тој за новиот клуб ќе заигра од на лето, по истекот на договорот со францускиот клуб Данкерк.



