На стадионот ,,Џузепе Меаца” се одигра последниот меч од 1/4 финалето на Купот на Италија помеѓу Интер и Лацио. Најинтересните моменти се случуваа во завршницата на регуларниот дел, а во продолженијата се случуваа пресврти како на филмска лента.
Откако за 90 минути двете екипи не постигнаа гол се влезе во продолженија два пати по петнаесет минути во кој што крајниот резултат гласеше 1:1. Први во водство дојдоа лацијалите со голот на Чиро Имобиле на асистенција на Кајседо во 108. минута, додека израмнувачкиот гол дојде во самиот финиш кога Сергеј Милинковиќ Савиќ направи прекршок за пенал во моментите кога судијата требаше да свирне крај на натпреварот.
Успешен реализатор на најстрогата казна беше капитенот на Интер Мауро Икарди. Поуспешни пеналџии беа фудбалерите на Лацио и сосема заслужено се пласираа во полуфиналето на италијанскиот куп.



