Искусниот и квалитетен напаѓач Зоран Златковски е нов фудбалер на Слога 1934 од Виница. Златковски има богата репрезентативна и интернационална кариера и виничани со ова засилување добиваат многу на квалитет и авторитет каде што се натпреваруваат во Трета лига – Исток.
Напаѓачот во својата кариера бил капитен на Македонија до У-19 години и запишал 19 настапи каде што постигнал 11 гола, додека во репрезентацијата на У-21 има запишано 9 настапи со 5 постигнати гола.
Зоран Златковски во долгогодишната кариера има забележано настапи за следниве клубови:ФК Пирин Благоевград, ФК Локомотив Пловдив, ФК Славија Софија, ФК Лудогорец, Супер лига во Иран – Малаван, ФК Ламиа, ФК Панахаики, ФК Кавала, ФК Брегалница Штип, ФК Академија Пандев. Да се напомене дека Златковски во изминативе три сезони настапуваше за ФК Саса и беше нивен најдобар стрелец.



