„Ол Стар” натпреварувањето во НХЛ, оваа година, се оддржа во „Ентерпрајс Центер” во Ст. Луис. Синоќа, на програмата беа натпреварите помеѓу дивизиите. Во полуфиналињата се соочија Атлантската и Метрополитанската односно Централната и Пацифичката дивизија. Атлантската дивизија славеше со 9-5 над Метрополитанската, пред сè, благодарение на Пастрнак и Дуклер кои постигнаа по три голови. Во другото полуфинале, Пацифичката дивизија беше поуспешна од Централната со 10-5. Најефикасен играч беше Томас Хертл кој постигна дури четири погодоци. Во финалето, силите ги одмерија двете победнички дивизии од полуфиналињата, а со 5-4 беше поефикасна Пацифичката. Во финалето, најефикасен беше 21-годишниот играч на Ванкувер Кенакс – Елиас Петерсон, кој постигна два гола.