Рудник САСА покрај финансиската поддршка, обезбеди целосна опрема како што е (тренерки, маички, ранци и комплет опрема за натпревари) за женскиот фудбалски тим ЖФК Каменица Саса кој оваа сезона играат во одлична форма и тимот се наоѓа на првото место на табелата.
Фудбалерките од Македонска Каменица помогнати од засилувања од останатите тимови пред почетокот на сезоната направија тим за респект и за големи дострели.
Освен квалитетни играчи за успех на еден состав е потребно стабилен спонзор, а во овој случај рудникот Саса покажува дека со финансирање во спортот успехот е загарантиран.



