ЖФК Тиверија Струмица по четврти пат ќе го организира купот на карневалот во Струмица за млади талентирани фудбалерки. Како и секоја година, така и во ова ново четврто издание ќе има преставници и од странство, инаку од нашата земја освен домаќинот Тиверија своето учество го потврди ЖФК Драгон од Скопје.
Меѓународниот турнир ќе се одигра во период од 22-23 февруари 2020 година, а ќе се игра во следните категории: Младинки (Генерација 2003-2005), кадетки (Генерација 2006-2008) и пријавувањето ќе трае се додека не се исполни квотата од осум екипи по генерација.



