По неочекуваниот пораз на Норич на гостувањето кај Престон од 3:1 и победата на Лидс над Свонси од 2:1, се направи промена на челната позиција на табелата и сега со 61 освоен бод Лидс е на првото место додека Норич падна на второто место со 60 освоени бода на Чемпионшип табелата.
Најзаслужен за триумфот на Лидс кој од клупата ги предводи Биелса е македонскиот репрезентативен напаѓач Езџјан Алиоски кој е асистент на двата погодоци. Првиот пат во 20. минута кога Алиоски се обидуваше да шутне директно кон голот, но таа топка стигна до Јонсон кој ја испрати во мрежата за водство од 1:0, а во 34. минута прецизниот центаршут на Алиоски го искористи Харисон со глава за 2:0. До крајот гостите само го ублажија поразот на 2:1 со голот на МекБурни од пенал во 87. минута.
Видео: Лидс 1 – 0 Свонси стрелец Јонсон, асистент Алиоски 20. минута
https://www.facebook.com/totalleedsgoals/videos/394700941335244/
Видео: Лидс 2 – 0 Свонси стрелец Харисон, асистент Алиоски 34. минута
https://www.facebook.com/totalleedsgoals/videos/319067252098766/



