Македонската репрезентација до 18-години нa вториот натпревар од турнирот во Чешка ја совлада селекцијата на Словачка со 3:2.Во интересен натпревар со многу голови и пресврти резултатот го отвори Словачка која преку Томаш Риго уште во 5. минута поведе со 1:0.
Пресвртот следеше веќе во првото полувреме кога Фета изедначи во 25. минута, а Станковски 4. минути подоцна погоди од белата точка за водство од 2:1. Во второто полувреме, Словачка изедначи на 2:2, но нашите репрезентативци преку Илиевски го поставија конечниот резултат во 82 минута и тоа со играч помалку по исклучувањето на Максимов.



