Европскиот шампион Вардар ги одработува последните тренинзи во Скопје пред заминувањето за далечната Саудиска Арабија на неофицијалното клупско СП. Црвено – црните ќе мора со драстично ослабен тим да патува на Супер Глоуб да покаже и дека со нов тим има квалитет рамноправно да се спротистави на противниците.
Капитенот на Вардар, Столе Стоилов веќе неколку месеци е повреден исто како и новото засилување Де Толедо, кој три месеци ќе биде надвор од терените. Последното засилување на тимот, Калараш исто така нема да може да му помогне на својот тим поради административни причини. Единствена позитивна вест е Павел Атман кој ќе биде подготвен за настап иако ги пропушти последните две пријателски средби во Скопје поради ситна повреда.



