Никола Секулов кој има само 17-години потпиша професионален договор со гигантот Јувентус и во иднина ќе добие шанса да се избори за место во првиот тим и да го покаже сиот свој потенцијал, талент и квалитет.
Секулов ги помина младинските категории на Јувентус, роден е во Пјаченца, а до скоро време беше член и на нашите младински репрезентации, но поради несогласувања со федерацијата Секулов сега настапува за Италија. Фудбалерот игра во средниот ред, има визија и креативност во играта, а покрај фантастични фудбалери покрај него тој уште повеќе ќе напредува.



