Според шпанските медиуми, скаути на Валенсија го следеле нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски на натпреварот против Атлетико Мадрид во саботата и имаат само позитивни впечатоци. Добрите настапи на Столе Димитриевски кој е голман во дресот на Рајо Валекано во оваа сезона во Примера пробудија интерес Валенсија да го ангажира Димитриевски во следната сезона. Дали ќе дојде до овој МЕГА трансфер останува да видиме.




