Челзи загуби на домашен терен со резултат од 0:2 од лутиот ривал Манчестер Јунајтед во рамките на 1/8 финалето од ФА купот на ,,Стемфорд Бриџ”. Менаџерот на сините од Лондон, Маурицио Сари се најде на удар на домашните навивачи во текот на целиот натпревар, посебно се засилија скандирањата од трибините со извици: ,,Ти немаш појма што работиш” кога Сари ги внесе во игра во вториот дел Баркли и Запакоста, а фановите на терен ги очекуваа да настапат Хадсон Одои и Оливие Жиру.



