Градоначалникот на италијанскиот град Бари, Антонио Декаро, планира двојно да го зголеми бројот на велосипеди во градот оваа година и ќе започне пилот-проект кој ќе трае четири месеци, за време на кој граѓаните ќе им се плаќа за да одат на работа и да се враќаат дома со велосипед. Бари е првиот град во Италија кој ќе дава пари на граѓаните кои ќе одат на работа со велосипед.
На оние кои што со велосипед ќе одат на работа или училиште ќе им се плаќаат по 20 центи за километар, или максимум 25 евра месечно.



