Во Нион,Швајцарија беше одржана ждрепката за квалификациите за женското европско првенство кое ќе се одржи во 2021 година во Англија. Рекорден број од 47 репрезентации го пријавија своето учество во овие квалификации. Македонската женска А репрезентација беше извлечена од петтиот шешир во групата Г каде за противници ги доби Франција, Австрија, Србија и Казакстан.
Квалификациите ќе се одигруваат во периодот од август, 2019 до септември, 2020 година. Пласман на финалниот турнир ќе обезбедат сите победници од 9-те квалификациски групи, како и трите најдобри второпласирани. Останатите шест второпласирани ќе играат бараж за пополнување на последните три места и приклучување кон директно квалификуваните како и домаќинот Англија.



